23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Sberbank намален за 19,8 %

Профитот на Sberbank намален за 19,8 %

sberbank454g445g4g4g44gf

Руската „Sberbank“ лани забележа нето профит помал за 19,8 проценти во однос на претходната година, 290,3 милијарди рубљи (пет милијарди долари).

Во четвртиот квартал од 2014 година банката оствари 49 милијарди рубљи чиста добивка во однос на 93,7 милијарди рубљи во периодот октомври-декември 2013 година, покажува извештајот на банката.

Аналитичарите во анкетата на Интерфакс очекуваа дека банката во последниот минатогодишен квартал ќе забележи нето профит од 31,8 милијарди рубљи, а за цела 2014 година 273,1 милијарди рубљи.

Главната причина за падот на нето профит е зголемувањето на трошоците за создавање на резерви за кредитните загуби, се наведува во соопштението на банката.

Нето трошоците за резервирање и амортизација на кредитното портфолио за 2014 година се зголемени за повеќе од 2,6 пати, на 357 милијарди рубљи, од 133,5 милијарди рубљи во 2013 година. Трошоците за ризик, според тоа, се зголемени од 110 на 233 базни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП