4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Messenger станува платформа за секакви апликации

Facebook Messenger станува платформа за секакви апликации

platforma fb2

Чет апликацијата „Facebook Messenger“ станува платформа која ќе биде основата на секакви други апликации. „Messenger Platform“ практично може да стане услугата во посебна социјална мрежа.

Компанијата на Марк Цукерберг го претстави новиот развој за време на годишната конференција „F8“. „Messenger Platform“ ќе може да се користи од страна на креаторите на апликации за зголемување на функциите во сопствените случувања. Тие ќе можат да додадат разговор, можност за размена на било какви датотеки, слики, звучни снимки, видео, „GIF“-ови и слично.

Бидејќи стандардниот „Messenger“ веќе се користи од над 600 милиони луѓе, „Facebook“ очекува тие да го зголемат интересот за апликации кои користат „Messenger Platform“. Корист од тоа има како социјалната мрежа, така и креаторите на апликации кои ја интегрирале.

Корисниците исто така ќе имаат можност автоматски да изберат за кои апликации да интегрираат „Messenger“. Тоа се случува директно од разговор апликацијата на „Facebook“, каде што ќе има ново мени за оваа намена. Друга корист која нагласуваат од компанијата, е дека на овој начин корисниците лесно ќе можат да комуницираат и да споделуваат мислења за различни теми пример во апликации за вести, спорт и друго.

„Messenger Platform“ веќе е достапна за сите програмери кои сакаат да го користат. Социјалната мрежа претстави и 40 апликации, со кои веќе има подготвена интеграција.

Освен тоа „Facebook“ го насочува „Messenger“ кон бизнисот. Платформата „Businesses on Messenger“ ќе им овозможи на компаниите и нивните клиенти да комуницираат полесно. Тие ќе можат да си испраќаат директни пораки. Повеќе сериозната новина е воведувањето на функција за добивање на потврда за нарачка, статус на нарачката и дури и промена на детали за неа. „Businesses On Messenger“ засега ќе работи со „Everlane“ и „zulily“, постепено ќе бидат додадени и нови компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП