10 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблеми во рајот: Кој бега од Пепси?

Проблеми во рајот: Кој бега од Пепси?

pepsi1

Директорот на маркетинг за светскиот пазар во Пепси, Салман Амин, ја напушти компанијата.

Ова секако не би била вест која заслужува внимание, доколку Амин не беше 29-тиот бренд менаџер од 2008 година кој го напушта Пепси.

Компанијата, по серијата неуспешни обиди се обидува да се врати на вистинскиот пат.

Буџетот за маркетинг е зголемен за 600 милиони долари, но се чини дека успехот изостанува. Во текот на изминатата година беше забележан пад на профитот за 10 проценти, односно продажбата донесе приход од 2,9 милијарди, што е за една милијарда долари помалку од остварените приходи во продажбата во 2011 година.

Планирано е повторно да се направи реклама за Диет Пепси за која е анагажирана глумицата Софија Вергара. Но, денешниот пазар ретко ги простува грешките, а Пепси има направено една голема. Иако се работи за еден од најголемите брендови во светот, тоа не значи дека рекламата не е потребна.

Пепси од 2008 до 2010 година, за рекламирање на пијалокот без шекер потроши речиси пола милион долари. За овие три години рекламите не допреа до купувачите и ниту еднаш не ги потсетија купувачите за овој производ, а вложените пари не донесоа приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП