17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири отпатува во Мадрид во посета на СТООН

Незири отпатува во Мадрид во посета на СТООН

bekim neziri 22

Министерот за економија Беким Незири денес отпатува за Мадрид, во официјална посета на Светската туристичка организација при Обединетите нации (СТООН), на покана на нејзиниот Генерален секретар Талеб Рифаи.

Министерот Незири ќе оствари средби и со регионалната директорка за Европа, Изабел Гарана, како и со програмските директори за пазарни трендови во туризмот, одржлив развој, техничка соработка и статистика и сателитска сметка за туризам, со цел  интензивирање на соработката со СТООН во делот на промоцијата, стратешките документи, обуките и имплементацијата на системите за подобрување на туристичката клима во Република Македонија.

Ова е прва посета на наш министер во седиштето на Светската туристичка организација при ОН, од 1995 година откако Република Македонија стана членка на оваа организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП