4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕJapaМala – Идеално малезиско одморалиште (фото)

JapaМala – Идеално малезиско одморалиште (фото)

japa1

Сместено во рамките на бујната вегетација од 11 хектари, покрај кристално чистите плажи на островот Тиоман, „JapaMala“ е идеално малезиско одморалиште…

Мотото на ова место е „не работете нитшо, дозволете и на природата да работи наместо вас“. Кога еднаш ќе се најдете на оваа локација, ќе го сфатите значењето на оваа порака.

Сместувањето во овој резорт е многу мирно и удобно. Се состои од дрвени куќички кои се наречени Саранг, што во превод од малезиски значи гнездо. Гостите во ова одморалиште можат да се чувствуваат безбедно, далеку од секојдневните грижи и стресови.

Сепак, комфорот од модерниот живот е присутен и овде, па така секој Саранг има клима, WiFi, докови за iPod DVD плеери и TV сетови, како и полни мини барови и Espresso машини.

Многу сместувачки единици имаат дури и приватни базени со палуби за сончање, кои се идеално место за поминување на безброј часови во релаксација и одмор.

Исто така, овде постои и привлечен спа центар кој е наречен Самади Спа, каде гостите можат да доживеат незаборавни моменти во третманите за подмладување поради кои оваа оаза на мирот ќе ја ценат уште повеќе.

japa10

japa2

japa3

japa4

japa6

japa5

japa7

japa8

japa9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП