4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSlack веќе се проценува на 2 милијарди долари (видео)

Slack веќе се проценува на 2 милијарди долари (видео)

slack 2

Поради се поголемата популарност на апликацијата за разговор „Slack“, таа се проценува на 2 милијарди долари.

Ако регрутирањето на нов капитал биде успешно и посочената неофицијална процена биде достигната, тоа би значело дека вредноста на компанијата е двојно зголемена во последните шест месеци, според податоците на „Bloomberg“.

Извештајот не наведува каков капитал се планира да биде собран. Во октомври компанијата доби 120 милиони долари, а во основата на порастот беше „Google Ventures“. Тогаш пазарната капитализација изнесуваше околу 1,12 милијарди долари. Во почетокот на февруари оваа година компанијата го прослави својот прв роденден од формирањето.

Нејзиниот основач, Стјуарт Батерфилд кој пред некое време го продаде „Flickr“ на „Yahoo“, во 2005-та година стана еден од најуспешните претприемачи во Силиконската долина. Компанијата додава 1 милион нови претплатници на секои 11 дена.

Апликацијата сама по себе обезбедува простории за разговор на поединци кои претежно работат во една компанија. Целта е да се намали обемот на испраќани „e-mail“ пораки преку поедноставување на начинот за водење на комуникација при работа во тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП