5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема повеќе штедење во Грција

Нема повеќе штедење во Грција

20130309-201323.jpg

Грчкиот премиер Андонис Самарас и вети денеска дека во Грција, која е погодена од рецесија, повеќе нема да има мерки за штедење.

– Нема повеќе да има мерки за штедење. Штом ќе биде остварен стопанскиот раст, ќе почнат мерки за олеснување, порача премиерот.

Самарас меѓутоа напомена дека грчката економија се уште не излегла „од интензивната нега, се уште не излегла од болница“.

Претставниците на тројката кредитори, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, моментално во Атина ги проверуваат чекорите, кои Грција ги презела за да ги исполни обврските во рамки на програмата за помош, која и е одобрена.

Проблематичните ставки, со кои Атина треба да се избори се намалување на бројот на работниците во јавниот сектор, забрзување на приватизацијата и докапитализација на четирите најголеми банки. Инспекторите на тројката го продолжија престојот во Атина за една недела и го откажаа закажаниот состанок со Самарас. Премиерот меѓутоа истакна дека нема проблеми во преговорите.

Согласно условите договорени во рамки на програмата за помош, Грција треба да укине 25 илјади работни места во јавниот сектор оваа година и вкупно 150 илјади до крајот на 2015.

Презадолжената Грција, минува низ шесттата година на рецесија и се потпира на пакетот меѓународна помош за да избегне банкрот. Враќањето на стопанскиот раст, претходно прогнозиран за 2012 година, сега не се очекува пред 2014 година.

ЕУ и ММФ од 2010 година за помош на Грција издвоија 240 милијарди евра. Исплатата на следната транша помош, вредна 2,8 милијарди е предвидена за крајот на овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП