19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто не ги остваруваме своите цели?

Зошто не ги остваруваме своите цели?

celi

Секој од нас има некаква цел или сон. Понекогаш остварувањето на истите се смета за недостижно, но дали е навистина така? Можеби имаме едноставно погрешна тактика.

Поставување на цел, планирање , извршување. На овие три чекори се темели секоја цел и остварувањето на истата. Иако на прв поглед звучи премногу едноставно или како “откривање на топла вода”, сепак кога би било така навистина, сите би си ги остварувале своите соништа без никаков проблем, но тоа не е случај. Зошто?

Потребно е целта да биде јасно дефинирана, а потоа да се испланираат чекорите кои би се преземале за нивно остварување. Тоа подразбира дефинирање на неколку помали цели чие совладување не води чекор поблиску до нашата цел, независно дали се работи за барање на работа, промена на работно место или некои други планови. Предноста на ваквото расчленување е во тоа што секоја цел делува достижна кога ќе ја разделите на неколку помали.

 

10 “пречки” на пат до целта

Понекогаш целите кои ги имаме се недостижни затоа што се соочуваме со препрека на самиот почеток, односно при самото дефинирање на истата. Но, тоа не е единствената препрека со која можете да се сретнете.

 

1. Не сте сигурни што точно сакате

Повеќето сакаат многу работи, но не знаат да дефинираат зошто баш тоа го сакаат ( пр. “Само сакам да се запишам на некој факултет, па потоа ќе видам што и како …”). Силната желба не турка напред, но само доколку имаме сосема  јасна претстава зошто нешто сакаме.

2. Нејасни цели

Нејасните цели делуваат недостжно (пр. Сакам да имам добра работа.) Секоја цел мора да биде јасна, конкретна, па дури и мерлива заради што би било добро да се запише на парче хартија и потоа да се расчлени на неколку помали краткорочни и долгорочни цели.

Помалите цели секогаш ве држат на правиот пат, а нивната дополнителна предност е што се достижни. Освен тоа, совладувањето на секоја од нив ја јакне вашата мотивација и ве охрабрува да го преземете наредниот чекор.

3. Недостаток на фокус/план

При дефинирање на некоја цел земете ги во предвид сите фактори : семејството, здравјето, работата итн. (Пр. Доколку планирате да подигнете станбен кредит, земете во предвид дека еден ден ќе имате дете и ќе треба да одвоите дел од парите за него – имате ли примања кои ќе ги покријат двете ставки ?).

4.Недостаток на мотивација

Ова е најголемата препрека, посебно ако целта морате да ја остварите како знаете и умеете. На пример , наоѓањето на работа е важна цел, на која неретко и претходат големи предизвици или дури и порази. За да не ја изгубите мотивацијата, инспирацијата пронајдете ја по заобиколен пат. ( Пр. наместо да размислувате како “морате ” да најдете работа, размислувајте за убавите работи кои еден ден би сакале да си ги дозволите (пр.патување). Иако е поголема веројатноста дека првата плата ќе “отиде” на храна, режиски трошоци и рати за кредит, сепак мечтаењето за патување е подобро за мотивација од  мечтаењето за плаќање на телефонската сметка.)

Во потрагата по мотивација потпирајте се на вашите соништа, а не на моралната подршка на другите. Имено, секој човек има свои грижи и не може да ви пружи вечна и безрезервна подршка. Бидете си на себе најголема подршка и верувајте во себе дури и кога другите немаат време да веруваат во вас.

5. Недостаток на упорност

Упорноста не е резултат само на внимателна работа, туку и способност за креативно размислување кое ќе ви помогне во пронаоѓање на решение во тешките ситуации.

Благодарение на упорноста никогаш нема да ви падне на ум да се “oткажете”. Упорноста значи и да преземете одговорност за своите цели, направете нешто денес, а не утре.

6. Стрес

Стресот се јавува во различни облици и време: страв од неуспех, недостаток на подршка, премногу обврски, премалку време. Против стресот не е лесно да се борите, утеха е дека некои животни ситуации и не се толку стресни како што изгледаат. Борбата започнете ја со неколку вежби за опуштање.

7. Недостаток одредени вештини

Понекогаш знаеме што сакаме, но не знаеме како да го соствариме тоа. За почеток, важно е да бидете отворени кон учење. Побарајте помош и совети од други. Постојат милиони примери на луѓе кои постигнале нешто од самостојно учење. Совладувањето на нова вештина ја зголемува самодовербата.

8. Недостаток на флексибилност

Колку е добро да се придржувате кон плановите, толку е и лошо да не можете да ги модифицирате кон своите потреби. Секој проблем може да се согледа од различни перспективи. За секоја препрека, барајте повеќе решенија.

9. Неспособност да научите од сопствените грешки

Сите грешат, но само умните учат од своите грешки. Од секоја грешка учите нова лекција.

10. Ажурирање на плановите

Од време на време, не е лошо да ги прегледате зацртаните планови и да видите како ти е напредуваат. Колку мали цели сте успеале да остварите? Дали во меѓувреме се појавија некои нови? Размислите, дали ќе идете по истиот редослед? Ова ќе ви помогне да ја освоите својата зацртана цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП