21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft сака Skype да е достапен насекаде

Microsoft сака Skype да е достапен насекаде

skipe 3

„Microsoft“ има големи амбиции за иднината на апликацијата за разговори – „Skype“. Софтверскиот гигант сака „Skype“ да е достапен насекаде, соопштува интернет изданието „The Verge“.

Компанијата планира да нуди верзии на апликацијата за секакви уреди и платформи. „Microsoft“ очекува иднина во која корисниците ќе имаат „Skype“ на паметните часовници, кои дури ќе можат да преведуваат разговори на различни јазици во реално време или пак да вршат лесна и брза врска со личниот лекар.

Меѓу другите идни можности на „Skype“ е олеснувањето за споделување на информации и датотеки, како и функција за решавање на состаноци. Желбата на „Microsoft“ е апликацијата да се користи од потрошувачите за практично целата нивна комуникација.

Ова вклучува и посебен фокус кон бизнисот. „Skype for Business“ ќе им се допадне на компаниите, бидејќи дава бројни карактеристики со добро познат интерфејс, велат од „Microsoft“. Во комбинација со специјални случувања, како „RountTable“ на „Polycom“, пример „Skype for Business“ ќе се здобијат со сосема професионални димензии, дополнуваат од компанијата.

Сето ова нема да влијае и на развојот на апликацијата за крајните корисници. „Microsoft“ наведува дека денес луѓето реализираат една третина од светскиот сообраќај за пренос на говорни услуги на долги растојанија преку „Skype“. Вкупно корисниците разговараат над 50 милијарди минути, а над 50% од разговорите преку апликацијата се со видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП