„Lamborghini“ слави 50 години постоење, и покрај разните случувања кои се организираат, италијанската компанија одлучи да не почести со еден нов модел.
Овој подарок е италијанскиот бетмобил, „Veneno“- совршен изглед, 750кс, суперавтомобил со цена од 3 милиони евра. Но за жал, и да имате 3 милиони, не постои можност да дојдете до еден примерок, бидејќи сите три се веќе продадени.
Кога Стефан Винкелман најави дека компанијата планира во Женева да го открие новиот модел, не беше очекувано ова што се случи.
Забрзувањето за 2,8 секунди од 0 до100км/ч, со максимална брзина од 355км/ч, ни дава до знаење дека Винкелман беше во право кога рече дека ќе бидеме шокирани и наградени.