3 јули, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната јахта Arcadia 85 US Edition (фото)

Луксузната јахта Arcadia 85 US Edition (фото)

Arcadia 85

Компанијата „Arcadia Yahts“, која прави иноватни, еколошки и уникатни јахти, со задоволство ја најави својата нова јахта наречена „Arcadia 85 US Edition“…

Изгледот и функционалноста се главните особини на оваа јахта. „Arcadia 85“ е прекриена со соларни колектори на површина од 40 метри квадрати, начин на кој се обезбедени сите внатрешни системи.

„Arcadia 85“ е долга 20,90 метри и тешка 67 тони. Таа поседува четири соби на долната палуба вклучувајќи ја и спектакуларната кабина на сопствениците. Собите се неверојатно големи и убави и украсени со најмодерните парчиња мебел. ВИП собата исто така се наоѓа на бродот и поседува голем брачен кревет и просторија за одмор.

Покрај тоа, на јахтата се наоѓаат и 4 мали соби за членовите на екипажот, а во јахтата е сместена и голема гаража во која може да собере помал брод ( до 4 метри) и еден скутер на вода.

Главниот салон е најубавата просторија во која може комотно да се сместат 8 лица. Ентериерот е украсен со италијански парчиња мебел, меѓу кои се застапени и најпознатите брендови.

„Arcadia 85“ е совршен партнер за морската пловидба и вашето патување ќе го направи луксузно, пријатно и незаборавно.

Arcadia 85

Arcadia 85

Arcadia 85

Arcadia 85

Arcadia 85

Arcadia 85

Arcadia 85

Arcadia 85

Arcadia 85

Arcadia 85

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП