2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузни часовници за жени

Луксузни часовници за жени

cas1

За овие прекрасни часовници за жени е задолжен „Jaeger-LeCoultre“, коj направи таканаречени „тајни“ часовници.

Зрачејќи со ултимативна естетска привлечност и врвна елеганција, овие креации ја обединуваат уметноста на неверојатно правење на часовници и префинет накит. Такви ремек дела можат да бидат креирани единствено во работилници кои владеат со сложностa и компликациите на механичкото совршенство и најексклузувна деликатна техника за поставување на скапоцени камења.

По првото лансирање на овој модел во 2007 година на „Venice International Film“ фестивалот, „La Monte Extraordinaire La Rose“ оваа година процвета во блескаво издание, осветлувајќи го нежниот рачен зглоб со преку 14 карати дијаманти.

Неговите префинети облини се инспирирани од 19-от век, и неговиот фино направен релјефен цвет извајан од бело злато во потполност е прекриен со скапоцени камења, нагласувајќи ги така финесите и живите движења на слоевитите ливчиња.

Направен од рацете на неворајтни уметници, овој „Haute Joaillerie“ модел ја венча убавината и прецизноста, благодарение на техниката која е најкомплицирана од сите други техники за поставување на скапоцени камења- снежно поставување.

Погледнете ги прекрасните модели…

cas2

cas3

cas4

cas5

cas6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП