20 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо текот на летото стартува продажбата на Windows 10

Во текот на летото стартува продажбата на Windows 10

mic 43

Продажбата на „Windows 10“ ќе започне во текот на летото оваа година. Ова го објави потпретседателот на „Microsoft“, Тери Мајерсон на официјалниот блог на софтверскиот гигант.

Новата верзија на оперативниот систем излегува на пазарот порано од очекуваното. Првичните прогнози беа дека тоа ќе се случи во текот на есента, како што беше со „Windows 7“ и „Windows 8“. Софтверскиот гигант сепак очигледно сака да ја искористи традиционално силната есенско-зимска сезона.

Од самиот почеток „Windows 10“ ќе се продава во 190 земји во светот и ќе се нуди на 111 јазици, објави Мајерсон. Тој потврди дека „Windows 10“ ќе се нуди како бесплатна надградба за сите носители на лиценцирани копии на „Windows 7“, „8“, „8.1“ и „RT“. Оние кои сакаат да имаат корист од тоа корисниците ќе имаат рок од 1 година по стартувањето на продажбата на „Windows 10“.

Агенција „Reuters“ пак додава дека софтверскиот гигант планира да го понуди „Windows 10“ бесплатно за апсолутно сите корисници во Кина. Потегот без преседан на „Microsoft“ е обид да се борат со пиратскиот софтвер во Кина, која е многу раширен.

Самиот Мајерсон исто потврдува за „Reuters“ дека „Microsoft“ ќе го стори тоа за корисниците во Кина. Единствениот услов е хардверските спецификации на компјутерите да ги исполнуваат минималните барања на „Windows 10“. Мајерсон не прецизира кога точно ќе почне продажбата на новиот оперативен систем, ниту неговата цена.

Исто така е претставена и новата платформа „Windows Hello“, која цели да се искористи од напредокот во системите за идентификација. Идејата е дека е време потрошувачите постепено да почнат да се разделат со класичните лозинки и да преминат на други методи. „Windows Hello“ поддржува откривање на лице, ирис, отпечаток. Се разбира, потребно е уредот да располага со такви сензори за да се искористи од страна на „Windows Hello“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП