3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го намали рејтингот на Италија

Fitch го намали рејтингот на Италија

fic1

Меѓународната бонитетна агенција „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на Италија за еден степен, од А- на БББ+, додавајќи дека прогнозата за рејтингот на таа земја е негативна.

„Fitch“ укажа на неизвесните резултати од парламентарните избори во Италија, поради кои малку е веројатно дека во наредните неколку месеци ќе биде формирана стабилна нова влада, пренесува агенцијата „Frans press“.

Агенцијата напоменува дека и рецесијата во Италија е една од најдлабоките во Европа, предупредувајќи дека политичката неизвесност и идните структурни реформи, кои се под знак прашалник, претставуваат ризик коj и се заканува на реалната економија.

„Fitch“ предвидува дека јавниот долг на Италија, кој е меѓу најголемите во Европа, оваа година ќе достигне рекордни 130 проценти од БДП, во однос на претходната прогноза од 125 проценти. Италијанската економија, според своите проценки, оваа година ќе потоне за 1,8 проценти, по падот од 2,4 проценти од 2012 година.

Италијанскиот рејтинг БББ+ сеуште е во категоријата инвестиции и стои позади економијата која е „релативно стабилна и диверзивицирана, со средно ниво на задолженост на приватниот сектор“, наведува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП