6 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНеколку корисни трикови на Facebook

Неколку корисни трикови на Facebook

trikovi 3

Ви претставуваме неколку трикови кои секој љубител на „Facebook“ треба да ги знае.

Како да додадете „dislike“?

Посакувате да ставите едно „dislike“ на слика на поранешната девојка или на здодевен колега од работа? Потребна ви е апликацијата „Status Magic Facebook“ со која ќе го додадете копчето „dislike“ на било кој статуст кој е поставен преку оваа апликација. Ако сакате малку да ги закомплицирате работите, можете да ги додадете и опциите љубов, омраза и несогласување (disagree).

Како да го сокриете постот од одредени луѓе?

Можете да одредите кои личности можат, а кои неможат да ги гледаат вашите постови. Кликнетете на иконата која се наоѓа веднаш под вашиот статус и ќе ви се појави опаѓачко мени. Притиснете на „custom“ и ќе имате повеќе опции, како што е направете го ова видливо и да го сокриете, како и можноста да ја обележите личноста која несакате да ги гледа вашите статуси, како и тоа за сите постови, а не само за некои одредени.

Како да закажете одреден пост?

Потребен ви е само „Later bro“ сервисот кој е едноставен и бесплатен. Кога ќе се логирате на „Facebook“ преку овој сервис, ќе можете однапред да испланирате и да го означите точниот датум и време кога да ви се објави некој пост.

Како да обележувате луѓе во своите постови?

Кога сакате некого да именувате во својот пост, само вметнете @ и името на лицето кое сакате, па неговото име само ќе се појави. Така именувајте ги сите лица кои сакате, завршете со целиот пост и објавете го, а ќе видите лицата кои ги обележавте нивните имиња ќе бидат со сина боја.

Како да се шегувате со пријателите користејќи духовит јазик?

Посетете ги страните како што се „TypeUpsideDown.com“, „UpsideDownText.com“ или „Fliptext“, кој ќе го претворат вашиот статус наопаку и добро ќе се пошегувате со вашите пријатели.

Како да ја проверите статистиката на вашите објавени постови?

Ако некогаш сте се запрашале колку постови досега имате објавено на оваа друштвена мрежа, превземете ја апликацијата „Status Statistics“. Со нејзина помош можете да ги анализирате вашите објавувања на друштвената мрежа, колку често сте пишувале, колку букви во просек сте користеле и слично.

Како да додавате симболи во вашиот статус?

Ако смајли иконите на статусите не ви функционираат, со притискање на „alt“ и некој број ќе добиете различни симболи кои можат да ви завршат работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП