
Една од помалку познатите апликации на „Google“, „Field Trip“, беше претставена и за „iOS“. Оваа апликација ве известува доколку во ваша близина се наоѓаат интересни туристички атракции или слични локации. „Field Trip“ апликацијата е достапна за „iPhone“ и „iPod touch“ уредите, но не и за „iPad“. Како и во случајот кај „Android“ апликацијата, може да одберете тоа што ве интересира, како што е архитектурата, историските наоѓалишта, храна, пијалоци, уметнички дела на отворено и слично.

