15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМоментално најдобрите фаблети на пазарот (фото)

Моментално најдобрите фаблети на пазарот (фото)

fableti nadjobri

Сегментот на фаблетите продолжува да се развива со полна пареа, иако производителите како да запреа во трката за презентација на модели со поголеми екрани.

Масовните фаблети во моментов се со големина на екранот меѓу 5.5 и 6 инчи. Можеби еден од најголемите недостатоци на овој род на уреди е нивната висока цена. Сепак, тие се екстремно популарни на азиските пазари, каде формираат голем процент од продажбата на паметни телефони.

Еве и кои се најдобрите фаблети на пазарот во моментов, според весникот „The Guardian“:

„Samsung Galaxy Note 4“

fableti nadjobri1

Овој модел се покажа како најдобар „Android“- фаблет на пазарот, а според некои е и најдобриот фаблет, воопшто. Јужнокорејската компанија „Samsung“ практично го постави стандардот во овој сегмент со првата серија на моделот „Galaxy Note“. Фаблетот е со големина на екранот од 5.7 инчи кој е „OLED“ и со резолуција 2К, кој се дефинира како најдобар приказ на пазарот. Располага со „quad-core“ процесор со ниска потрошувачка на енергија, 3GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија. Батеријата издржува два дена работа, или значително повеќе од главните конкуренти, а камерата е 16-мегапикселна. Фаблетот располага уште со сензор за отпечатоци. Една од главните карактеристики на фаблетот која го прави поразличен пред останатите, е присуството на мултифункционалното пенкало „S Pen“.

„Apple iPhone 6 Plus“

fableti nadjobri4

Првиот фаблет на „Аpple“ е сериозен кандидат за наградата најдобар фаблет на пазарот. Моделот располага со 5.5-инчен „HD“ дисплеј, но е со релативно големи граници на врвот и дното на телото. Ова го прави релативно поголем од оној на конкурентите. Телото е матално, а дизајнот е добро познат на корисниците на „iPhone“. Достапен во три варијанти – со 16, 64 и 128 GB внатрешна меморија. Едно од неговите најголеми предности е најдобрата 8 мегапикселна камера која прави многу добри фотографии, особено во слабо осветлена средина. „ID“-сензорот е друга карактеристика кога го разликува овој фаблет од другите.

„Google Nexus 6“

fableti nadjobri2

Ова е прв фаблет на „Google“. Една од главните недостатоци е дека тешко може да се држи со една рака поради неговите импресивни димензии, резултат од големиот 6-инчен дисплеј. Фаблетот се произведува од „Motorola“ и располага со „quad-core“ процесор, 3 GB RAM меморија, слично на моделот „Note 4“. Достапен е во две верзии – со 32 и 64 GB, но нема опција за проширување на меморијата. Батеријата издржува околу ден и половина употреба, но има можност за безжично полнење. Камерата му е 13-мегапикселна. Друга голема предност на „Nexus 6“ е оперативниот верзија „Android 5 Lollipop“ која тој ја доби значително порано од конкурентите.

„OnePlus One“

fableti nadjobri3

Многу сме пишувале за овој популарен „Android“ модел кој има добри технички карактеристики, но е со значително пониска цена од останатите. Моделот често се дефинира како уредот кој нуди најдобар сооднос цена-квалитет. Фаблетот е со 5.5-инчен дисплеј со „HD“ резолуција и се одликува со релативно добар дизајн. Корисниците нема да имаат сепак чувството дека држат премиум ​​уред во своите раце, што во голема мера е прифатливо, со оглед на далеку пониската цена. Фаблетот е со свој оперативен систем развиен на база на „Android“ наречен „OxygenOS“ дозволувајки далеку подобро прилагодување. Капацитетот на батеријата е околу ден, а моделот се нуди во две варијанти – со 16 и 64 GB внатрешна меморија.

„LG G3“

fableti nadjobri5

Ова е еден од повеќето компактни фаблети на пазарот, иако 5.5-инчниот дисплеј е со резолуција 2К. Ова се постигнува со исклучително тенките граници на неговото тело, кое е нежно заоблено и овозможува лесно држење. Фаблетот располага со 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна која може да се прошири со картичка. Камерата е друга уникатна карактеристика, затоа што е 13-мегапикселна со ласерски автофокус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП