Американскиот технолошки гигант Google покрена iOS верзија на апликацијата Chrome Remote Desktop која што овозможува пристап на компјутерите од паметните телефони iPhone на Apple, соопшти компанијата.
Апликацијата Chrome Remote Desktop односно „Оддалечена работна површина“, е осмислена за да се овозможи пристап од еден компјутер на друг преку интернет. Со помош на оваа апликација може сигурно да им се пристапи на личните датотеки или апликации, но и да одобри на други корисници привремен пристап на сопствената работна површина.
Апликацијата Chrome Remote Desktop, која што им овозможува на корисниците на Chrome пристап до сопствените Mac или персонални компјутери преки мобилните уреди на Apple, може да се инсталира бесплатно.
Како и Android апликациите, iOS верзијата бара соодветна Chrome екстензија која што се инсталира на десктоп верзија.
Мислењата на експертите за оваа услуга се задоволувачки, и сметаат дека споменатата апликација им дава голема предност на корисниците за да можат да го контролираат компјутерот во нивниот дом и на нивното работно место.