29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа туризмот годинава одвоени 2,5 милиони евра

За туризмот годинава одвоени 2,5 милиони евра

ohrid

Владата годинава ќе потроши 2,5 милиони евра или 148 милиони денари за промоција на туризмот, соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Оваа година износот наменет за поддршка и развој на туризмот е за 2,5 пати зголемен во однос на 2012 година, кога изнесуваше 60 милиони денари.

Привлекувањето странски туристи ќе се субвенционира со еден милион евра, додека 53 милиони денари ќе бидат наменети за конвенционално промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Електронската промоција, пак, на интернет, преку социјалните мрежи и веб порталите, ќе биде поддржана со пет милиони денари. Со ова, посочи Ѓорѓиев, се сатава акцент на помладата популација која главно се информира на ваков начин.

Ѓорѓиев соопшти дека Владата преку Агенцијата за промоција на туризмот ќе го промовира туризмот во Македонија на осумнаесетте најголеми саеми во светот, меѓу кои во Москва, Виена, Турција, Индија, Кина, САД, Белград, Варшава, Софија, Брисел…

Фокусот ќе биде ставен и на транзитните туристи кои минуваат низ Македонија кога патуваат кон своите крајни туристички одредишта. За оваа цел се предвидени три милиони денари со кои ќе се изготви промотивен материјал кој по точно утврдена агенда ќе се дистрибуира на фрекфентнтите сообраќајници и граничните премини – рече владиниот портпарол.

Со оваа мерка, се очекува да се подобри развојот на туризмот, да се обезбеди поголем девизен прилив, како и искористување на потрошната моќ на странските туристи, а со цел подобра егзистенција на домашните граѓани преку отворање на нови работни места.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП