26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСандерленд го потврди ангажманот на Дик Адвокат

Сандерленд го потврди ангажманот на Дик Адвокат

advokat dik

Холанѓанецот Дик Адвокат е новиот менаџер на премиерлигашот Сандерленд. Адвокат на клупата ќе го наследи Густаво Појет кој доби отказ поради лошите резултати.

„Сандерленд е голем клуб и јас сум подготвен за овој предизвик. Со нетрпение чекам да започнам со работа“, рекол Адвокат кој во октомври минатата година спогодбено го раскина договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија.

Сандерленд, во саботата загуби на домашен терен од Астон Вила (0:4). ‘Црните мачки’ се наоѓаат на 17-то место на табелата со 26 бодови, еден повеќе од Барнли кој се наоѓа во опасната зона.

Адвокат е тренер кој има импресивна биографија, работел во Глазгов Ренџерс, ПСВ Ајндховен, Зенит, АЗ Алкмар, Борусија Менхенгладбах, а бил и селектор на Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП