13 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите моќни слушалки на Сони

Новите моќни слушалки на Сони

slusalki

Доколку сте љубители на помоќен бас и попрецизен звук, тогаш морате да ги набавите новите слушалки на компанијата Сони, моделот МДР-ХБ910, кој официјално беше претставен.

Овие слушалки имаат нова „Advanced Vibe Structure“ технологија, што овозможува помоќни басови и почисти средни и високи тонови. Обвивката е направена со детали од алуминиум и имаат прилагодлив кабел со вграден прилагодувач на звук и микрофон.

Новите слушалки од Сони освен висок квалитет на звук и минималистички моден дизајн ги одликува и исклучително преносливиот карактер. Тие може лесно да се спакуваат, што ги прави идеални за патувања.

Според информациите од компанијата слушалките МДР-ХБ910 ќе бидат достапни во Европа од следниот месец.

Спецификации:

Тип: Затворен, динамичен

Капацитет: (mW): 3000mW

Погонска единица: 50 mm

Фрекфенција: 3 Hz –28,000 Hz

Осетливост: 106 dB/mW

Импендација: 24Ω at 1kHz

Должина на кабел: 1.2m

Тежина: 305g (без кабел)

Дополнителна опрема: Резервен кабел, прилагодлив кабел со вградени подесувачи на звукот и микрофонот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП