17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook со заштита од „Опасни организации“

Facebook со заштита од „Опасни организации“

A view of Facebook's logo May 10, 2012 i

Компанијата „Facebook“, неодамна, на своите корисници им ги соопшти новите детали за природата на материјалите кои во иднина ќе бидат отстранувани од оваа социјална мрежа.

Новата верзија „Друштвени стандарди“ на „Facebook“ (Community Standards), со кои се пропишува кои категории материјали ќе бидат блокирани, од сега ја вклучуваат и опцијата „Опасни организации“ (Dangerous Organizations).

Новиот водич на страницата ќе го замени стариот, и ќе им биде пратен на корисниците кои имаат забелешки на постовите на другите корисници.

Новата листа на забранети зборови сега содржи 2.500 збора, што е речиси трипати повеќе од досегашната листа.

Посебно се разгледувала голотијата, па така корисниците веќе нема да гледаат голи задници и прикази од женски гради на кои се гледаат брадавиците.

Оваа забрана се однесува и на дигитално креираната содржина, освен доколку во прашање не е материјал од едукативен карактер или сатирична содржина. Ќе бидат забранети и сите видови експлицитни текстуални описи во врска со сексуалниот однос.

Фотографиите на мајки кои ги дојат свoите деца или прикази од гради по мастектомија, меѓутоа, секогаш ќе бидат допуштени, наведува компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП