19 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставени новите промени на Facebook

Претставени новите промени на Facebook

fb

И по долго очекување денеска „Facebook“ ја претстави промената на „News Feed“, што е најголема од неговото креирање во 2006 година.

На новиот дизајн на „News Feed“, доминираат фотографиите, кои сега ќе добијат поголема површина на самиот „News Feed“, а и ќе ги има на речиси секоја нова објава или активност која ќе ја прават корисниците. Редизајнираниот „News Feed“ ќе биде адаптиран на сите уреди, и всушност новиот изглед е инспириран од мобилната верзија, која ја веќе некое време ја има на паметните телефони.

Целта на новиот дизајн е активностите и објавите имаат поубав изглед, а не само текст како до сега, а исто така и да биде се поорганизирано, во категории, а не сите заедно што им претставуваште голем проблем на корисниците.

Новиот изглед ќе може да се користи од денес, но кај некои може да доцни и до неколку недели, бидејќи промените се случуваат етапно, а не на сите корисници, кои се во многу голем број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП