19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИChromebook Pixel e новиот лаптоп на Google (видео)

Chromebook Pixel e новиот лаптоп на Google (видео)

chor 3

„Google“ и официјално го претстави претходно најавениот „Chromebook Pixel 2015“.

Како што е веќе познато станува збор за премиум модел за кој треба да се издвои значителна сума, барем кога станува збор за „Chromebook“ лаптопите. Новиот модел за 2015-та година доаѓа во две верзии, поевтина со „Core i5“ процесор и поскапа која работи на процесорот „Intel Core i7“.

Поевтиниот модел покрај „Core i5“ процесорот со такт од 2,2 GHz е опремен и со 8 GB RAM, 32-гигабајтен „SSD“. Поскапиот „LS“ модел (Ludicrous Speed) покрај моќниот и брз „Core i7“ (2,4 GHz) има и двојно поголема количина на работна меморија и простор за чување податоци, односно, 16 GB RAM и 64-гигабајтен „SSD“.

Независно од моделот добивате 12.85-инчен екран со резолуција од 2560 x 1700 пиксели кој воедно е и чувствителен на допир. Екранот има 3:2 размер на страници, густина на приказ од 239 ppi, како и видливи агли од 178 степени хоризонтално и вертикално. Тоа е поддршката за „Wi-Fi“ (802.11 a/g/b/n/ac) и „Bluetooth 4.0“ технологиите, „USB 3.0“ порти (2x), читач на „SD“ мемориски картички и „web“ камера со „HD“ квалитет.

За разлика од новиот „MacBook“ кој доаѓа со само еден „USB-C“ конектор, „Google Pixel 2015“ има два, а истите служат и за полнење на батеријата на лаптопот. Што се однесува во автономијата на батеријата од „Google“ наведуваат дека со едно полнење „Chromebook“ може да понуди и до 12 часа постојна работа. Во случај уредот да остане без потребната енергија за работа, до истата можете многу бргу да дојдете, имено по само 15 минути на полнач, „Chromebook Pixel“ ќе биде подготвен за работа во следните два часа.

Подетални спефицикации за „Chromebook“ можете да најдете на официјалната страна на „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП