28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ „THE GODFATHER“ луксузната вила

„THE GODFATHER“ луксузната вила

kum1

Најскапата вила во Калифорнија, беше во центарот на вниманието во култниот филм „Кум“.

Првиот сопственик на оваа величенствена градба, беше истакнатиот американски новинар Вилијам Рандолф Херст. Куќата, исто така доби на вредност кога во неа на меден месец престојуваа Жаклина и Џон Кенеди. Со оглед на тоа што за неа се уште не постои заинтересиран купувач, вилата сега може да се изнајми по цена од 600.000 американски долари на месечно ниво. Инаку нејзината вредност е проценета на 95 милиони амрикански долари.

Луксузниот комплекс поседува 17 спални соби, 3 пространи дневни соби, 27 бањи, ноќен клуб, кино… Се наоѓа на одалеченост од еден километар од легендарниот „Sunset Boulevard“.

На имотот на вилата се наоѓаат тениски терени, базен, пространа тераса на која можат да се сместат 400 лица, две гостински куќи и уште многу други нешта.

Погледнете ги фотографиите од оваа убавина…

kum2

kum3

kum4

kum5

kum6

kum7

kum8

kum9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП