17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија излезе од рецесија

Јапонија излезе од рецесија

japonija13

Јапонија во последниот квартал од 2012 година излезе од рецесијата, благодарение на скромниот раст кој ќе помогне во зајакнувањето на третата најголема светска економија.

Во последниот квартал од 2012 година беше забележан економски раст од 0,2 проценти, по два последователни квартали на негативен економски раст.

На зголемувањето на оптимизмот за перспективата на јапонската економија влијаеше и денешниот скок на индексот Никеи во Токио за 2,64 проценти.

Од доаѓањето на Шинзо Абе на власт, неговата задача беше поттикнувањето на економијата и пресвртот на 15-годишната инфлација које го загрозува растот.

Хидеки Макумура, економист од јапонскиот истражувачки институт, изјави дека најновите податоци за БДП потврдуваат дека јапонската економија го допрела дното и дека сега започнува да закрепнува.

„Благодарение на мерките кои ги воведе администрацијата на Абе, Јапонија од сега ќе бележи поголем раст. Речиси сите фактори укажуваат на позитивен развој на настаните“, додаде Макумура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП