17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald`s „добар“ само во Европа

McDonald`s „добар“ само во Европа

McDonald's

Глобалната продажба на американскиот ланец за брза исхрана, „McDonald`s“, е намалена во февруари со пад во продажбата од четири проценти во САД.

Овој пад се должи на агресивните активности на конкурентските компании.

Во соопштението од најголемиот светски производите на хамбургери се наведува дека глобалната продажба забележала пад од 1.7 отсто, додека во подрачјето на Азија, Блискиот исток и Африка, продажбата е намелена за 4.4 проценти, пренесуваат светските агенции.

Единствено во Европа дојде до скок на продажбата на „McDonald`s“ и тоа од 0.7 отсто.

Поради се поголемата конкуренција и проментата на вкусот на потрошувачите, „McDonald`s“ се обидува да го подобри својот имиџ, а истовремено најавува промена во начинот на водење на бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП