19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија продолжува со штедењето

Британија продолжува со штедењето

kameron1

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека неговата влада ќе продолжи со програмата за штедење, и покрај тоа што претходните недели беа турбулентни.

Камерон наведе дека промената на курсот на движењето на економијата ќе ја однесе Британија во бездна, пренесува агенцијата АФП.

Коментарите на премиерот следеa откако британскиот бизнис секретар Винс Кејбл изјави дека владата треба да размисли за дополнително задолжување за да се стимулира економскиот раст.

„Знам дека некои луѓе мислат дека изгледа тврдоглаво кога некој ги спрoведува планираните работи. Јас мислам дека тоа е далеку од вистината. Моите мерки и посветеноста на планот се однесуваат на помошта за семејствата и компаниите низ целата земја, ако сакаме сигурна работа за нашите деца, тоа нема да го постигнеме ако сме оптеретени со долгови и ако Индија и Кина се повеќе конкурентни од нас“, додаде Камерон.

„Ако сакаме, а јас сакам, квалитетна јавна служба, нема да ја имаме ако нашата економија е слаба, а половина од буџетот оди на отплата на каматите од долговите“, додаде тој.

Премиерот призна дека пред Велика Британија е тежок пат.

„Меѓутоа, не се сомневајте во овие одлуки кои ги носиме сеге дека нема да влијаат на економскиот просперитет во годините што доаѓаат“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП