4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Роснефт намален за една десетина

Профитот на Роснефт намален за една десетина

The Kremlin is reflected in the polished

Нето профитот на Роснефт е намален во 2014 година за 9,8 проценти во однос на 2013 година, на 350 милијарди рубљи (5,6 милијарди долари), соопшти компанијата.

Показателот на нето профитот за 2013 година (388 милијарди рубљи) не го вклучува ефектот од промената на вредноста на имотот со преземањето на TNK BP вредно 167 милијарди рубљи, пренесува Тас.

Приходите на Роснефт во 2014 година се зголемени за 17,2 проценти, на 5.503 милијарди рубљи, ЕБИТДА (добивка пред плаќање на даноците, каматите и амортизацијата) пораснала за 11,6 проценти , на 1.057 милијарди рубљи.

Производството на нафта и гас е зголемено за 4,8 проценти, на 5,1 милион барели нафтен еквивалент дневно.

Како што покажува извештајот на компанијата, нивото на нето долгот изразен во долари е намален минатата година за 13,6 милијарди долари.

Во Роснефт укажуваат дека на индикаторот за товарот од долгот изразен во рубљи негативно влијае падот на рубљата во однос на странските валути, со оглед на стабилноста на приходите и планирата отплата на сите кредитни обврски.

Трошоците за производството на Роснефт во 2014 година биле 3,9 долари за барел нафтен еквивален, изјави потпретседателот за економијата и финансии на компанијата, Светослав Славински.

Компанијата лани ги намали оперативните трошоци изразени во долари за 9,3 проценти и постигна најниски трошоци за производство од 3,9 долари за барел. Тоа е за три до четири пати поефикасно во споредба со меѓународните групи и ги надминува споредливите компании во Русија, објасни тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП