18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГламурозниот хотел Il Salvatino (фото)

Гламурозниот хотел Il Salvatino (фото)

kl1

Сместен во сликовитата Тоскана, помеѓу градовите Фиесола и Фиренца, „Il Salvatino“ е хотел како од соништата…

Тој е беспрекорно изграден на совршено место, каде ни се прикажуваат најдобрите елементи од два света: сликовит поглед на брдото Арно, како и културното богатство на ренесансата.

Самиот хотел е феноменално реставрирана вила од 15-от век, која на своите гости им дава можност за уживање во славната историја и опкружувањето. Собите и апартманите, секако, се опремени со сите најмодерни и најлуксузни погодности, со цел создавање на совршен амбиент.

Храната во Италија е многу важна, па така, во овој хотел постојат неколку опции кога е во прашање храната. Во понудата има се, од рибни ресторани до пицерии.

Овој хотел има своја градина со зеленчук и овошје, што значи дека сите состојки кои се користат при припремата на јадењата се свежи и многу вкусни.

За навистина ексклузивно и уникатно искуство, ве советуваме да посетите еден од пазарите кои се наоѓаат во близина, а потоа заедно со куварот да учествувате во подготовката на јадењата. Тоа ќе биде нешто што секогаш ќе го паметите.

kl2

kl3

kl4

kl5

kl6

kl7

kl8

kl9

kl10

kl11

kl12

kl13

kl14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП