23 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТајна состојка која влијае на дебелината

Тајна состојка која влијае на дебелината

sve_sto_niste_znali_o_emulgatorima_200614642

Истражувачите веруваат дека емулгаторите во храната можат да бидат причина за човечката дебелина и состојбите како дијабетес, колитис и Кронова болест.

Емулгаторите – природни и синтетички – се користат за храната да биде посочна и пообемна, но и за да се продолжи нејзиниот рок на траење, пренесува Indipendent.

Најновото истражување утврди дека тие имаат сличен хемиски состав како и детергентите и лошо делуваат на човековото тело.

Првичните истражувања спроведени на глувци на Универзиетот во Грузија открива дека некои од емулгаторите влијаеле и на балансот на добри бактерии во телото и предизвикувале стомачни воспаленија, што подоцна довело до дијабетес и зголемување на килограмите.

Истражувањето било фокусирано на два вида емулгатори – полисорбат 80 и карбоксиметил – а тоа се адитиви кои најчесто се наоѓаат во намирнции како сладолед, маргарин, мајонез и друга преработена храна.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП