25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија ја отфрли спогодбата за изградба на нафтовод до Александропулос

Бугарија ја отфрли спогодбата за изградба на нафтовод до Александропулос

Бугарскиот парламент изгласа отфрлање на спогодбата за изградба на нафтовод во износ од милијарда евра, со кој беше предвидено руската нафта да се транспортира до пристаништето Александропулос во Грција.

Со 115 гласови за и 25 против бугарскиот парламент ја поддржа владината одлука за повлекување од проектот, наведувајќи ги како причина трошоците и загриженоста на јавноста околу можните последици од овој проект врз животната средина, пренесуваат агенциите.

Првично било предвидено преку нафтоводот, со должина од 282 километри, годишно да се испорачуваат 35 милиони тони руска нафта преку Бугарија до Александропулос, во североисточна грција.

Бугарија пред една година на Русија и Грција им предложи да се договорат околу откажување на трилатералниот договор, додавајќи дека еднострано ќе се  повлече од спогодбата по истекот на една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП