25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја задржа основната каматна стапка

ЕЦБ ја задржа основната каматна стапка

ecb-zadrza

Советот на гувернерите на Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука да ја задржи нејзината основна каматна стапка на ниво од 0,75 отсто.

Дел од експертите оценуваат дека со ваквата одлука, ЕЦБ се откажала од давањето на дополнителен поттик на економијата во еврозоната која се наоѓа во рецесија.

Берзите засега не реагираа на одлуката на Советот на ЕЦБ во очекување на обраќањето на претседателот на Банката, Марио Драги, кој треба да ги објави прогнозите на оваа финансиска институција за економските перспективи на еврозоната.

Експертите проценуваат дека Драги најверојатно ќе побара од земјите-членки на еврозоната кои се наоѓаат во длабока криза да ги исполнат поставените услови за спроведување на строгите мерки за штедење, доколку сакаат да добијат помош од ЕЦБ. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП