18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинетата убавина и магијата на Малдивите (фото)

Префинетата убавина и магијата на Малдивите (фото)

ij1

Убавината на Mалдивите е позната во целиот свет, како и името на ланецот луксузни хотели „Jumeirah“…

Кога овие два концепти ќе се спојат, се добива прекрасен резорт – „Jumeirah Vittaveli“. Сместен е на тропскиот раj на островот Болифуши, а има вкупно 89 апартмани и вили. Сите апартмани се беспрекорно наместени и опремени.

Секоја од сместувачките единици има свој приватен базен, како и пристап до плажата или прекрасната лагуна.

Ова место е толку мирно и живописно така што ќе помислите дека сте на пуст остров. Сепак, трите префинети ресторани и барот ќе направат да се почувствувате како во рајот, додека ги вкусувате нивните интересни јадења и освежителни пијалоци.

Овој прекрасен резорт содржи и префинет спа центар – „Talise Spa“.

И за крај, едноставно мора да ја искусите авантурата за истражување на кристално чистите води кои го опкружуваат овој остров, а самиот резорт ви нуди услуги кои ќе ви помогнат во тоа. Со помош на нивната опрема ќе можете да нуркате и да ги истражувате сите убавини на водата.

Сите овие искуства заедно создаваат незаборавно искуство и одмор кој засекогаш ќе го паметите и секако ќе посакате да го доживеете повторно.

ij2

ij3

ij4

ij5

ij6

ij7

ij8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП