20 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry ја претстави новата надеж - Leap

BlackBerry ја претстави новата надеж – Leap

leap bb

„BlackBerry“ го претстави својот нов смартфон наречен „BlackBerry Leap“ кој би требало да дојде на место моделот „Z3“ кој беше лансиран минатата година.

Компанијата од Онтарио го претстави телефонот на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, a во продpжба ќе се најде во април по цена од 275 долари.

Компанијата планира да претстави уште два модели (со тастатура) во текот на наредните месеци.

„BlackBerry“, кој некогаш беше омилен производител на телефони за бизнис луѓе, целосно го препушти својот удел на пазарот „iPhone“ и „Android“ уредите.

Со цел повторно да стане релевантен играч, компанијата од минатата година одлучи да се фокусира на софтвер и безбедност на податоци.

На саемот во Барселона во минатата година, „BlackBerry“ го претстави „Z3“ по цена пониска од 200 долари, која би требала да ја заживее продажбата на овие уреди во Азија, но мисијата не успеа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП