8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas: Загуба од 239 милиони евра

Adidas: Загуба од 239 милиони евра

adidas1

„Adidas“, вториот најголем светски произведувач на облека и чевли, во последниот квартал од минатата година забележа загуба, главно поради проблемите со нивниот бренд „Reebok“, пренесуваат странските медиуми.

Оперативната загуба во последниот квартал од минатата година изнесувала 239 милиони евра. Компанијата ги намали прогнозите и за наредниот период, поради лошите резултати од продажбата на брендот „Reebok“. Во текот на изминатата година оперативната добивка на „Adidas“ е намалена за 3,4 проценти, на 920 милиони евра.

Минатата година „Adidas“ ги намали предвидуваните прогнози за продажбата во наредниот период за една третина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП