19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Каматната стапка на минимум

ЕЦБ: Каматната стапка на минимум

ecb_2

Европската централна банка (ЕЦБ) ја задржа својата клучна каматна стапка на рекордниот минимум од 0,75 проценти. Со овој потег Европската централна банка ги намали дополнителните притисоци врз еврозоната која е погодена од кризата.

Одлуката за задржување на каматната стапка на ЕЦБ беше донесена на денешниот состанок во Франкфурт, пренесува агенцијата АП.

Пазарите, сега го очекуваат обраќањето на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, и неговата прогноза која ќе биде наменета за 17-члениот блок во оваа година.

Се претпоставува дека, Марио Драги ќе ги повика членките кои имаат поголеми потешкотии да ги спроведат моралните реформи и да ги исполнат тешките услови, доколу за возврат сакаат да добијат средства од ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП