20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА‘Fokus’ пред ‘Педесет нијанси на сивата’ по гледаноста во САД

‘Fokus’ пред ‘Педесет нијанси на сивата’ по гледаноста во САД

focuswillsmith

Вил Смит со филмот „Fokus“ води според гледаноста на американските кино каси пред „Педесет нијанси на сивата“, а оскаровскиот „Birdman“ не успева да се пробие во десет најгледаните филмови, според прелиминарните податоци на специјализираната компанија Exhibitor Relations.

Во филмот „Fokus“ кој во кината во Северна Америка почна да се прикажува на 27-ми февруари, Вил Смит го толкува ликот на искусниот измамник Нику чиишто чувства за Џес, која ја толкува Маргот Роби, неговата приправничка, го комплицира дејствието. Филмот во режија на Глен Фискара и Џон Реква, а заработи 19,1 милиони американски долари.

Британската шпионска комедија „Kingsman“ со Колин Фирт и Семјуел Л. Џексон, осната на второто место со заработени 11,75 милиони долари.

Од Exhibitor Relations забележуваат дека веројатно американската публика веќе се заситила од „Педесетте нијанси на сивата“. Овој филм минатата седмица заработил 10,9 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП