Дали сакате вашето дете да се вози со стил?
Сега имате причина да гo прошетатe вашето дете и тоа со стил! Во последната соработка на автомобилскиот бренд Астон Мартин и компанијата која во светот ги претстави модерните колички за деца „Silver Cross“ , тие ја создадоа количката „The Silver Cross Surf, Aston Martin Edition“.
Нормално, како и сите други производи на Астон Мартин, така и оваа количка е изработена со особено внимание и прецизност и нормално од најскапите материјали.
Седиштето, меката кожна рачка, браниците, алуминиумските тркала, појасите, копчињата…. буквално се е апсолутен квалитет. Оваа количка на вашето дете му обезбедува совршено возење, максимална безбедност и комфор. Нејзината цена е вртоглави 3.000 американски долари и достапна е само во ограничен број на примероци низ целиот свет.