4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве како изгледа интернетот

Еве како изгледа интернетот

internet

Веројатно секој ден се приклучувате на интернет, но дали сте се запрашале како всушност изгледа?

Благодарение на „Peer1Hosting“ сега постои апликација која може тоа да ви го прикаже. Оваа хостинг компанија објави нова апликација за „iPhone“, „iPad“ и „Android“ уредите, која ви прикажува 3D интерактивна мапа и врските помеѓу сите мрежи кои го сочинуваат интернетот.

Концептот на мрежата тешко може да се објасни и поради тоа оваа мапа е многу корисна и ги претставува трите единствени начини, од кои секој аспект го објаснува другиот аспект.

Глобалниот приказ претставува 22.000 јазли, кои физички се наоѓаат на планетата.

Корисниците на апликацијата потоа може да го заротираат глобусот или да зумираат било која точка, со што географски ќе ги пронајдат локациите на различни мрежи.

Мрежниот приказ ги претставува централните јазли на врвот со неколку конекции на дното. Во рамките на овие поделби, апликацијата потоа ги става поединечните јазли покрај оние со кои се најблизу поврзани. Структурата која се добива потсетува на медуза.

Корисниците исто така можат да кликнат на било кој јазол и да дознаат многу повеќе детали за него.

Третиот графикон ги претставува промените кои интернетот ги има претрпено со текот на времето од 1994-та година па до денес, па дури има прогноза како би изгледал и до 2020-та година.

Тука исто така ги има најважните датуми во историјата на интернетот, вклучувајќи ги и оние од настанувањето на „Apple“, „Google“, „Facebook“ и останатите компании.

Од „Peer 1 Hosting“ тврдат дека немаат намера да профитираат од оваа апликација.

„Слободниот софтвер е наш доприност во оваа област, па затоа на корисниците ќе им го понудиме бесплатно“, вели директорот за маркетинг, Рајан Соди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП