3 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појавија спецификациите на следниот модел Mi на Xiaomi

Се појавија спецификациите на следниот модел Mi на Xiaomi

mi xiomi 2

На интернет се појавија спецификациите на најновиот модел на растечкиот кинески производител „Xiaomi“ – „Mi 5“.

Моделот се очекува доста да наликува на „Samsung – Galaxy Edge“, кој ќе биде претставен за време на саемот во Барселона од почетокот на март. Слично на претходните модели од серијата „Mi“, очекуваните спецификации на смартфонот се конкурентни и дури подобри од тие на смартфоните од многу повисоката ценовна класа.

Смартфонот најверојатно ќе располага со 5.5-инчен дисплеј со резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Екранот се очекува да е заоблен од двете страни, слично на моделот „Samsung – Edge“.

Во поглед на дизајнот не се очекуваат значителни промени во однос на претходниот модел, со исклучок на тоа дека камерата ќе биде поместена кон центарот на уредот. Суштинско намалување ќе има во однос на дебелината на смартфонот, која ќе биде само 5,1 мм.

Процесорот на „Mi 5“ ќе е „Snapdragon 810“, а оперативната меморија – 3GB. Според други шпекулации е можно процесорот на моделот да е од следната генерација – „Qualcomm Snapdragon 820“.

Моделот се очекува да се нуди во три варијанти – со 16, 32 и 64 GB внатрешна меморија. Неговата задна камера најверојатно ќе има 16 мегапиксели, а предната – 8. Батеријата се очекува да е од 3600 mAh. Според изданието „International Business Times“, името на моделот може дури да не е „Mi 5“, туку „Mi 4S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП