5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија започна преговори за слободна трговија со Тајланд

Европската комисија започна преговори за слободна трговија со Тајланд

eu111111

ЕУ и Тајланд ги започнаа преговорите за слободна трговија, во обид да ја поттикнат трговската размена, која веќе вреди околу 30 милијарди евра годишно.

„Со радост соопштуваме дека се започнати преговoрите за слободна трговија меѓу ЕУ и Тајланд“, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, на конференцијата за новинарите во Брисел.

Баросо на премиерката на Тајланд и врачи сетификат, со кој, според правилата на Светската трговска организација, се заштитува географското потекло на тајландскиот ориз, кој на овој начин стана првиот производ од југоисточна Азија со ознака за географско потекло.

Премиерката на Тајланд наведе дека Тајланд се надева на брзо потпишување на Договорот за слободна трговија.

На ЕУ и припаѓаат околу 10 проценти од надворешната трговија на Тајланд, а околу 5,5 милиони Европејци секоја година ја посетуваат нашата земја, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП