4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwarovski од Кина и Чешка се сели во Австрија и Србија

Swarovski од Кина и Чешка се сели во Австрија и Србија

Swarovski 1_tcm87-22485

Австрискиот концерн „Swarovski“ ги затвора своите производни погони во Кина и Чешка и производството ќе го пресели во Австрија и Србија, соопштија од компанијата.

Во кинескиот Јингшанг, со одлуката на „Swarovski“ се затвораат 200 работни места, а во Чешка 75.

„По сеопфатните промени на меѓународната стратегија за производство, наредните месеци производството ќе биде префрлено во седиштето во Вантенс (Австрија) и новата фабрика во Србија. Фабриките во Кина и Чешка ќе бидат затворени, а особено силно ќе инвестираме во фабриката во Ватенс, најави „Swarovski“ во своето соопштение.

Изминатите месеци се анализирани производните погони во странство, при што „Swarovski“ истакнува дека условите за конкурентност во Кина му го отежнуваат на концернот производство по сопствени високи деловни етички и квалитативни стандарди. Поради тоа компанијата се одлучила да ја затвори фабриката во Кина, за што претходно биле известени сите вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП