5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Франција на највисоко ниво од 1999 година

Невработеноста во Франција на највисоко ниво од 1999 година

fransoa11

Француската стапка на невработеност дополнително се зголемила во последните три месеци од 2012 година, достигнувајќи највисоко ниво од 1999 година, што покажува со какви предизвици треба да се соочи владата која планира до крајот на оваа година да го промени овој тренд.

Стапката на невработеност во последниот квартал од минатата година се зголемила за 10,6 проценти, зголемувајќи се шести квартал по ред, во контекст на падот на активностите во втората по големина економија во еврозоната во споменатиот период за 0,3 проценти.

Стапката на невработеност е пресметана врз основа на дефиницијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ), таа е зголемена за 0,3 проценти во споредба со третиот квартал од 2012 година.

Најтешко се погодени младите, на возраст од 15 до 24 години, нивниот процент изнесува 25.

Минатата недела Министерството за труд објави дека без работа биле вкупно 3,17 милиони француски граѓани, што е најголемата бројка од јули 1999 година и е во близина на историски високата забележана бројка од 3,196 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП