14 јули, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗошто Самсунг ја сака пластиката

Зошто Самсунг ја сака пластиката

samsung shakalaka

Додека многу од компаниите се обидуваат да ви овозможат одлично чувство при користење на нивните телефони со помош на материјали како што се алуминиум, стакло или поликарбонат, Самсунг и натаму не се откажува од пластиката.

Со оглед на светскиот успех на Самсунг, тешко е да се оспори нивната одлука и Галакси С4 да биде од пластика.

Во одбрана на оваа практика застана и потпретседателот во одделението за мобилни телефони, Ј.Х. Ли, кој ја откри причината поради која и натаму Самсунг инсистира за употреба на пластиката.

Ли смета дека естетиката е само еден од факторите на кои компанијата размислува кога ги дизјанира новите производи. Големиот фактор за успех за компанија е способноста брзо и ефикасно да произведе голем број на уреди како би ја задоволиле побарувачката. А пластиката во тој случај е идеален материјал. Купувачите исто така со пластиката добиваат уред кој ќе биде долговечен и подобро ќе ги поднесува ударите.

Сепак Ли наговести дека од Самсунг се свесни за желбата на купувачите на телефони, кои сакаат уреди направени од квалитетни материјали, па тој смета дека Галакси С4 ќе го направи вистинскиот баланс меѓу традиционалната филозофија на Самсунг и примената на други материјали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП