21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордно низок оперативен профит за Telefonica на крајот на 2014-та година

Рекордно низок оперативен профит за Telefonica на крајот на 2014-та година

telefonika 24

„Telefonica SA“ оствари најнизок оперативен профит за четвртиот квартал по повеќе од десет години по отпишување на средствата во својата венецуелска единица засегната од разнишаната локална економија.

Оперативната добивка на компанијата базирана во Мадрид падна за 36 отсто до 3,19 милијарди евра, исклучувајќи ја каматата и амортизацијата. Венецуелската единица има загуба од 915 милиони евра, што ја натера „Telefonica“ да отпише 2,8 милијарди евра од вредноста на средствата таму по преминувањето кон понискиот курс.

Најголемиот инвеститор во Европа во областа на латиноамериканските телекомуникации обложува многу во регионот кој носи речиси 50% од приходите на компанијата. Во моментов „Telefonica“ работи на завршувањето на договорот вреден 9 милијарди долари за стекнување на бразилскиот снабдувач на широкопојасни услуги „GVT“ од „Vivendi SA“. Шпанската компанија води и ексклузивни преговори за продажба на својот удел во британскиот оператор „O2“ во Хонгконг на „Hutchison Whampoa Ltd.“.

Вкупните приходи на „Telefonica“ за четвртиот квартал се намалија за 14 отсто или на 12,4 милијарди евра. Нето добивката пак изнесува 152 милиони евра.

Иако има најлош финансиски резултат, компанијата ја зголеми прогнозата за приходите за повеќе од 7 отсто во оваа година. Маргините на оперативната добивка пред амортизација пак најверојатно ќе се намали за околу 1 процент пред да се стабилизира во 2016-та година.

Компанијата планира да понуди 75 отсто дивиденда за 2015-та година – без промена во однос на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП