4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТопка сладолед од 800 долари (фото)

Топка сладолед од 800 долари (фото)

luksuz-fancy-delicious-sladoled

Ова не е најскапата топка сладолед во Дубаи, туку и во целиот свет…

„Black Diamond“ топката сладолед во новоотворениот „Scoopi Cafe“, гурманско катче за вљубените во сладоледот во Дубаи, чини околу 800 долари. Само состојките со највисок квалитет доаѓаат во предвид кога станува збор за топка сладолед која е најскапа во светот.

„Black Diamond“ е мешавина од сладолед од ванила од Мадагаскар, реткиот ирански шафран и парчиња црн италијански тартуф.

scoopi_3210187b

Како што велат од „Scoopi Cafe“, црниот тартуф му дава длабочина и друга димензија на целокупниот вкус.  Со фактот дека овој топка сладолед се продава во Дубаи, целата работа не можеше да помине без злато.

Сладоледот при самиот крај на аранжирањето се попрскува со една лажица 23-каратно злато за јадење. Оваа топка сладолед се служи во префинета „Versace“ чинија со соодветна лажица, а нормално лицата кои ќе се одлучат да платат ваква топка сладолед можат да ги задржат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП