19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија надвор од еврозоната до 2020

Унгарија надвор од еврозоната до 2020

viktororban1

Унгарија нема да и се приклучи на еврозоната пред 2020 година, бидејќи во моментов тешко е да се заклучи дали е подобро да се биде дел од тој блок или не, вели премиерот на таа земја.

Претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан на зедничката конференција на земјите од Вишеградската група (Унгарија, Словачка, Чешка и Полска) во Варшава, изјави дека неговата земја претходно одредила неколку целни датуми за усовојување на еврото, но дека таа одлука секој пат морала да биде одложена.

Премиерот, исто така, неведе дека Унгарија има добри шанси да напредува до нивото на успешните европски земји, кои се во состојба да го намалат јавниот долг, да ја поттикнат конкурентноста и да ја зачуваат политичката стабилност.

Критичарите, Унгарија ја тртираат како „црна овца“ и како опасност за Европа, додека другите ја гледаат како пример за успех, изјави Орбан, додавајќи дека неговата земја во минатото била во потешка ситуација од Грција, со висок јавен долг и ниска стапка на вработеност.

Будимпешта од тој момент започна обемна програма за реформи, вклучувајќи го воведувањето на даноци за банките и милтинационалните компании, со цел да се подели товарот на економската криза, да се зајакне средната класа и да се усвои новиот Устав.

Резултатите покажаа дека владата донела правилни одлуки, буџетскиот дефицит е намален под три проценти од БДП, а стапката на невработеност е во постојан пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП