18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите Европејци се потешко се вработуваат

Младите Европејци се потешко се вработуваат

mladinevraboteni1

Младите луѓе во Европа се потешко доаѓаат до работа, а во еврозоната во „аримијата на млади невработени“ се наоѓа една четвртина од работоспособното население, предупредуваат економските аналиичари.

 
Во Европа ова претставува „изгубена генерација“ младите лица од 18 до 25 години по завршувањето на студиите не можат да се вработат бидејќи во денешно време им е потребно работно искуство, затоа што секоја компанијата при вработувањето бара 3-5 години работно искуство и не сака да ги вработи неискусните работници.

 
Овие лица колку подолго се без работа, толку им се намалуваат шансите за успешно вработување, бидејќи тие и нивното знаење стагнираат.
Алармантни се податоците кои покажуваат дека помеѓу младите Шпанци и Грци секоја втора личност е невработена.

 
Тешкиот проблем со невработеноста на младите се дополнува и со фактот дека компаниите не ги вработуваат младите за долг временски период. Тие ги вработуваат младите на три или шест месеци, покажуваат истражувањата, ги ангажираат да работат половина работно време и по истекот на договорот не се задолжени да ги обесштетат.

 
Во повеќето случаи младите работат во многу неповолни социјални услови, без гаранции и без социјална поддршка.
Истовремено, на работниците на возраст од 40, 50 и 60 години им се дадени сите гаранции предвидени со закон. Тие кога ќе заминат во пензија ќе поседуваат одлична социјална заштита. На младите луѓе кои во моментов бараат работа им се заканува фактот дека тие нема да успеат да си обезбедат сигурна старост.

 
Затоа најчесто младите лица со своите семејства се жртвуваат и одлучуваат да мигрираат во друга земја. Од јужна Европа, посебно Шпанија и Португалија, овие лица со целото свое семејство ја напуштаат земјата и бараат работа во другите земји, на пример во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП