26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозона: Стравување дека дефлацијата ќе ги намали и платите

Еврозона: Стравување дека дефлацијата ќе ги намали и платите

evrozonata559

Трендот на дефлацијата продолжува во еврозоната, каде втор месец по ред е забележан пад на цените, соопшти Заводот за статистика во ЕУ (Еуростат).

Во јануари во еврозоната забележан е пад на цените од 0,2 проценти, додека и во декември цените беа намалени за 0,2 проценти. Тоа е најголемиот пад од јули 2009 година.

Само пред една година инфлацијата во еврозоната изнесуваше 0,8 проценти.

Падот на цените на долг период со себе носи и намалување на платите и пад на потрошувачката, така што стравувањата од дефлацијата ги прави се пореални, наведува агенцијата Франс прес.

Во Франција во месец јануари цените на годишно ниво се намалени за 0,4 проценти, а во Германија за 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП